Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Договорот од Преспа е голема национална отстапка
Македонија

Мицотакис: Договорот од Преспа е голема национална отстапка

јануари 15, 2019Updated:јануари 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на денешната расправа во Парламентот за гласање доверба на Владата, го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа, „што претставува голема национална отстапка“.

„Формалниот наслов на денешната седница е давање доверба на Владата, но во реалноста, станува збор за последниот чин од претставата од изминатите четири години на товар на грчкиот народ. Беден театар поставен од Алексис Ципрас и Панос Каменос со три цели: прво, СИРИЗА да добие уште неколку месеци власт, второ, да се ратификува Договорот од Преспа и трето да се задржи како пратеничка група формацијата Независни Грци, за да може лидерот да ги задржи неговите привилегии, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, му одговори на Ципрас во однос на тврдењето на грчкиот премиер дека постоела национална линија во разговорите за името.

„Вие господине Ципрас, на Скопјаните им отстапивте македонски идентитет и македонски јазик. Навистина, кога ова беше дел од националната линија? Зошто некои рекоа „не“ кога беа побарани овие работи, а вие рековте „да“? И ја изобличувате сега историјата и текот на оваа партија?, му одговори Мицотакис на Ципрас.

Паралелно упати обвинувања и до неодамнешниот коалициски партнер во Владата, Панос Каменос, за кој рече дека заедно со Ципрас се соработници и ќе треба да се оправдаат пред грчкиот народ, но и пред историјата.

„Господинот Каменос, кого не го гледам сега во салата, можеби отиде да се причести. Господинот Каменос кој сега гласно и интензивно го брани името на Македонија, заборави дека кога можеше да ја бутне Владата по иницијативата што минатиот јуни ја доставивме за гласање недоверба, секако тогаш ја поддржа. И денес заедно го потпишува гласањето на Договорот од Преспа, бидејќи во суштина ги има отстапено неговите пратеници, давајќи ви глас за доверба што толку го баравте, рече претседателот на Нова демократија.

Мицотакис му порача на Ципрас дека ако добие 150 или помалку гласови, тогаш Владата ќе биде без мнозинство и ќе треба земјата да ја одведе на избори.

актуелно Договор Мицотакис отстапка преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.