Во интервју за влијателниот европски весник, Политико Европа, шефот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, вели дека за Грците договорот за името е неприфатлив поради признавањето на македонскиот јазик и етницитет, но доколку помине во парламент, нова демократија ќе го прифати.
Секогаш сме велеле дека сакаме решение, но дека тоа мора да ги почитува сензибилитетите на двете страни, вели Мицотакис.
Тој додава дека признавањето на македонскиот идентитет е искрено неприфатлив за најголемиот дел од Грците.







