Лидерот на грчката опозициска партија, Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, откако телефонски ја добил информацијата од премиерот Алексис Ципрас за предлогот – Република Илинденска Македонија, се изјаснил дека за него тоа е неприфатливо со образложение дека во името имало нагласени иридентистички ставови, пренесува грчкиот весник „Екатимерини“.
„Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Какво било споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија“, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.







