Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, и шестте обвинети припадници на единицата „Алфа“, Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Гоцевски, Метуш Шабани и Ивица Антевски, на денешното рочиште за апсењето на Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија, изјавија дека го разбираат кривичното дело за коe се товарат и не се чувствуваат виновни.
Претходно одбараната побара запирање на судскиот процес повикувајќи се на помилувањето од претседателот, Ѓорге Иванов.
Обвинителот од СЈО во воведните зборови изјави дека ќе докажат оти на 6 јуни 2011 година поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба, обвинетиот Сашо Мијалков ги навел другите обвинетите при лишување од слобода на тогаш осомничениот Љубе Бошкоски да му предизвикаат душевно страдање заради одмазда спрема него, поради политичките пораки што му ги испратил во изборната кампања.
Во обвинението се наведува дека иако Бошкоски не пружил каков било отпор, полицајците при апсењето употребиле прекумерна сила.
Обвинетите ги пренеле заканите од Мијалков кон Бошкоски, му упатиле погрдни зборови за апсењето, а еден од му ставил пиштол на образот на Бошкоски и му се обратил со зборовите: „Бел ден да не видиш“.
Рочиштето за насилното приведување на Љубе Бошкоски беше одложувано неколкупати.
Следното рочиште е закажано за 3 септември.







