Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“
Судски процеси

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“

декември 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, според исказот, добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.

Објасни дека кога на чело на Управата за безбедност и контраразознавање бил назначен Владимир Атанасовски, за тоа дознал од Нинџа во септември, кој му кажал, како што наведе „дека тоа е негов човек и може да прави што сака“.

„Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата, раскажува Младеновски.

Вeли дека од таму се упатиле кон паркингот позади Цветен пазар.

„Не собра Нинџа во круг. Бевме околу 20-39. Не извести дека кога тој ќе ни даде насока ќе треба да се упадне. Тој ден ДИК заседаваше, но за приговорите требаше да се одлучи следниот ден. За следниот ден немавме никакви насоки. Потоа со нинџа се среќавав во кафичот дион на кеј. На 30 декември кога ДУИ требаше да одлучи дали ќе прави коалиција со ДПМНЕ, бевме во зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Таму бевме јас и мојот брат, Нинџа со неговите луѓе и луѓе од УБК. Информации до нас споделуваше Дејан Димковски-боксер. Кога беше извесно дека ДУИ нема да прави коалиција со ДПМНЕ, ни беше кажано дека претседателот Иванов нема шанса да го даде мандатот и ќе има војна, посочи Младеновски.

Наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.

Рече дека оти ќе се влегува во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.

„На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.

Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.

Посочи дека на 27 април околу 14.00 часот ги викнал во „Дион“ и им кажал дека тоа е денот, а како што посочи Младеновски, Нинџа добил насока од Атаноасовски да ги координира луѓето под партиски здруженија.

Потоа објасни дека било договорено да се купат маски и Младеновски ги набавил.

„Кога се вратив Нинџа кажа дека се јавува по патриотските здруженија, за кои рече: Сега е денот да се покаже дали се само набилдани кретени без муда, рече обвинетиот.

Наведе дека виделе на тел како во Собранието се пее албанската химна, меѓу 60-мината присутни се создала нервоза. По некое време Кољо им кажал дека Нинџа дал наредба да тргнат на протестите.

– На Кољо му се јавија, ни кажа да ставиме маски и дека ќе се влегува во Собрание.

Раскажа дека влегле во Собранието. Муковски и Трчуловски ги повикувале луѓето кон пленарната сала. Потоа се создала гужва пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

„Кога стигнав пред прес-салата видов лице со вперен пиштол пред вратата, јас ги кренав рацете, се повлеков и се симнав накај пленарната сала, истакна Младеновски, кој кажа дека претходно Кољо им рекол на новинарите да не снимаат.

Наведе дека настано мешаница откако лицето го извадило пиштолот. Рече дека, подоцна дознал дека тој бил обезбедување на Спасовски. Видел дека тоа лице има картичка на која пишува Оливер Поповски. Тој им рекол дека Поповски му ја дал картичката да се легитимира, и како што наведе „дека тој е наш“.

„Пробивме во прес-салата. Имаше туркање зад нас и навлегов два-три метри и зад бироата ги забележав пратениците на СДСМ. – Во истиот момент знаев дека некој ме наместил. Се завртев и си заминав. Не останав ниту две секунди и не направив никакво дејство. Се најдов со брат ми во пленарната сала и заминавме накај салата „Длаборез“, рече Младеновски.

Потоа во Жена парк се сретнале со брат му со Нинџа и со Кољо. Дошол и Игор Југ. По кратко време сите лица од „Дион“ биле таму.

Наведе дека Дејан Домовски-Боксер од УБК им кажал дека претседателот Иванов ќе прогласи воена состојба.

Било кажано дека група Албанци ќе пристигне и дека се вооружени.  Тоа не се случило и заминале во „Дион“.

инструкции нинџа собрание УБК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ССМ ја започна блокадата на Собранието

февруари 10, 2026

ССМ утре ќе го блокира Собранието од две страни

февруари 9, 2026

Новите членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава во Собранието

јануари 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.