За време на прес конференција на Никола Груевски момче се онесвести додека лидерот зборуваше. Никој од младите кои стоеја покрај него не му помогна, како да се плашеа да не го нарушат протоколот.
Потоа момчето стана и полека си замина од кадарот.
Додека ова се случуваше, Груевски продолжи да си го чита својот говор од „идиотите“ во партиското седиште.







