Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОН предвидува наставниот час за основците да трае 55 минути
Во Фокусот

МОН предвидува наставниот час за основците да трае 55 минути

јануари 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за образование и наука предвидува за учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Се препорачува еден од одморите да биде предвиден за слободни активности надвор од училницата.

Според наставните планови и програми на МОН, учениците од прво до трето одделение нема да имаат повеќе од четири часа дневно, со што ќе се намали времето што тие ќе го поминат во настава на сметка на зголемување на времето за одмор и игра.

Исто така, по предлог на МОН, ќе се намалат и тестирањата на учениците со што, според нив, ќе се создаде ефикасен систем на следење, вреднување и проверување на постигнувањата на учениците.

Домашните работи ќе се заменаат со вежби на час, под контрола на наставникот, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, но и за учениците што бележат послаби резултати во напредувањето.

Учениците од прво до трето одделение севкупно ќе имаат пет предмети: мајчин јазик, математика, светот околу нас, уметност, физичка култура.

Природните и општествените предмети се заменуваат со предметот светот околу нас, а предметите ликовно и музичко ќе се заменат со предметот уметност.

„Фокусот е ставен на првите три одделенија од основното образование, гледано одделно и како целина, а притоа водејќи се од прашањето со какви знаења и вештини очекуваме да се стекнат децата по завршувањето на третото одделение. Ревизијата води сметка не само за образовната компонента, туку и за воспитната, односно дава посебен акцент на формирањето на карактерот на децата“, рече министерката Рената Дескоска.

Овие измени на наставните планови и програми за основно образование ќе се стават на јавна дебата и доколку има различни мислења за нив, овие измени ќе бидат пилот-проекти.

актуелно култура МОН настава образование планови ученици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.