Сирија ќе ги добие бараните системи С-300 за да ја зајакне безбедноста на својата земја, потврди министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. Под кои услови и колку такви системи за против воздушна одбрана ќе набави Сирија, во Москва не се зборува, се наведува во текстот на спрски „Новости“.
Најверојатно станува збор за долгорочен кредит, а цената ќе биде значително пониска од вообичаената, затоа што С-300 повеќе не се произведуваат, а Дамаск ќе го добие тоа вооружување од руските воени магацини. Единствено ќе биде потребно најмалку половина година обука за сириските офицери за да можат ефикасно да ги користат тие убиствени ПВО системи.
Лавров потсети дека Русија пред неколку години под притисок на „западните партнери“ се откажала од продажба на С-300 на Сирија. После саботниот ракетен напад на сојузничките сили на сириската држава истото тоа го изјави и началникот на оперативната управа на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудској. Иако не зборуваше за кои земји станува збор, познато е дека тоа од официјална Москва го побарале Израел и САД.
Секој ден се откриваат нови детали за нападот врз Сирија, па така британскиот „Тајмс“ објави дека руски безшумни подморници кои на западот ги нарекуваат „црна дупка“, спречиле британска подморница при обид од водите на Средоземното море да истрела ракети на објекти во Сирија. Имено, британската подморница била откриена неколку денови порано во тој регион и морала да се нурне длабоко во морето и таму да помине неколку денови обидувајќи се да не биде откриена. На руските подморници им се придружиле и два руски бродови и авион за откривање на подморници.
„Вол стрит журнал“, пак, повикувајќи се на свои извори од Белата куќа, објавува дека Доналд Трамп ја разгледувал можноста да удри на руски цели во Сирија, но дека наводно шефот на Пентагон, Џејмс Матис, го одвратил од таа намера објаснувајќи му дека одговорот на Москва би можел да биде исклучително жесток и многу опасен за нив. Заради тоа била одбрано да се нападнат само сиријски објекти кои имаат врска со хемиско оружје, како места каде би можела да биде сместена воената команда.
Рускиот ретседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот разговарале за состојбата во Сирија. Иако Меркел го поддржува политичкиот став на Вашингтон таа одби да даде согласност германската војска да учествува во нападите на Сирија.







