Еден од најстрашните мостови на светот сигурно е јапонскиот мост Ешима Охаши. Кој и да се најде директно пред него, има чувство дека мостот е потполно вертикален.
Ешима Онаши се простира преку езерото Накауми, а ги спојува градовите Мацуе и Сакаиминато.
Широк е 11 метри, висок 44 метри, а долг 1,7 километри.
Исклучително е висок за да можат бродовите непречено да поминуваат под него.
Изградбата на мостот траела од 1997 до 2004 година.
Ешима Охаши денес е најголем мост со цврсти рамки во Јапонија и трет најголем во светот.
Иако се чини дека при спуштање од мостот можете лесно да ја загубите контролата над возилото, а до земјата да дојдете летајќи, изгледот мами. Неговото искосување е сосем нормално, а вртоглавата перспектива му пружа фотографирање од сите агли.







