Холандската полиција соопшти денеска дека нема докази за тоа дека мажот, уапсен заради сомнеж дека во петокот со нож рани три малолетни лица во Хаг, имал терористички мотив.
„Прелимиарно нема идиции кои би укажале на мотивот – тероризам. А кој е вистискиот мотив, сеуште се истражува“, наведе полицијата во соопштеието.
Двете петнаесетгодишни девојчиња и 13-годишното момче, кои во петокот се здобија со лесни повреди во нападот на улица, во меѓувреме се пуштени од болница.
Полицијата информираше дека е испрашан 35-годишниот осомничен, уапсен вчера во прифатилиште за бескуќници.







