Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија
Економија

Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија

мај 31, 2022Updated:мај 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која се одржува во Скопје од 30 до 31 мај годинава во организација на македонското Министерство за финансии и на Американската стопанска комора „AmCham“.

„Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи“, истакна Мукаетов на Форумот.

Мукаетов, во рамките на панелот „Искористување на можностите од регионалната соработка и евроатлантските перспективи“, се осврна на важноста на перцепцијата на економската реалност низ призмата на можностите, нагласувајќи ги синергичното дејствување и интеграцијата на регионот, како и клучната улога на човечкиот фактор во тој контекст.

„Поединечно, сите сме мали, неконкурентни и помалку интересни пазари. Но гледајќи го регионот на Западен Балкан како целина, веќе зборуваме за пазар од речиси 20 милиони жители. Нам ни требаат здружувања и разни форми на соработка. Тука можеби ‘поврзаност’ би бил вистинскиот збор. Како компанија која е еден од столбовите на македонската економија, силно се залагаме за изнаоѓање разни синергии во регионот, дури изнајдовме и форми за соработка со нашите конкуренти во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина“, истакна Мукаетов.

Правејќи паралела меѓу успешноста на компаниите и националните економии, особено во високо поларизирани и политизирани општества, Мукаетов потенцираше дека бизнисите се оние кои треба да најдат начини како поефикасно да ја промовираат регионалната економска интеграција, за да се обезбеди повисоко ниво на конкурентност, а со тоа и подобар животен стандард, повеќе странски инвестиции и посветла иднина за идните генерации.

„Целта на ‘Алкалоид’ е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност. Во денешното време на брзи промени, кога вештачката интелигенција и новите технологии се масовно достапни, моќта на креативноста и иновацијата на човечкиот потенцијал добиваат сѐ поголемо значење. За жал, одливот на мозоци е голем проблем со кој се соочува целиот регион. Како компанија, ние во ‘Алкалоид’ се трудиме да ги задржиме нашите луѓе ‘дома’, постојано инвестирајќи во нивната професионална едукација, пристап до нови технологии и научни достигнувања, програми за менторство, дуално образование, разни бенефиции како за вработените така и за нивните семејства, сѐ со цел да овозможиме поквалитетен личен и професионален развој на вработените.“

Мукаетов го посочи примерот на „Алкалоид“ како една од најатрактивните компании работодавци во земјава, но и патот до таа перцепција, кој почнува од вработените во компанијата и од нејзината организациска култура.

„Децении наназад ‘Алкалоид’ покажал резилиентност и брза адаптација кон промените. Тоа е компанија градена од генерации речиси девет децении наназад. Да работиш за ‘Алкалоид’ е како да играш за ‘Реал Мадрид’. Станува збор за наследство со богата традиција, долга историја и со врвен квалитет, па потклекнувањето пред предизвиците во никој случај не смее да биде опција“, поентираше Мукаетов заокружувајќи го своето обраќање. „Скопскиот економски и финансиски форум“ (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии, чија цел, како што истакна ресорниот министер Фатмир Бесими, е да овозможи дебата за јавните политики на релевантни регионални теми. Главен говорник и специјален гостин на настанот е истакнатиот американски професор и добитник на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман. Фокусот на настанот, кој во Скопје успеа да ги собере најпрестижните имиња од светот на економијата, бизнисот и на финансиите, е поставен на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, на отпорноста, конкурентноста и на регионалната соработка, на енергијата, зелената транзиција и на инфраструктурата, но и на двигателите на растот по кризата.

 

актуелно алкалоид бизнис економија заедница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.