Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МТСП и УНИЦЕФ ја промовираа кампањата „На секое дете му треба семејство“
Во Фокусот

МТСП и УНИЦЕФ ја промовираа кампањата „На секое дете му треба семејство“

јуни 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за труд и социјална политика и  УНИЦЕФ  ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.

Почетокот на кампањата го означија млади луѓе со флеш моб пеејќи ја познатата песна „Галебе мој тажен“ – песна која е дел од видеото на кампањата – и испратија едноставна и силна порака „Дали имате љубов за давање?“.

„На секое дете му е потребно семејство. Слоганот на оваа кампања најдобро го опишува процесот на деинституционализација. Термин кој е сложен и тежок за разбирање, но означува реформа која е крајно хумана и насушно потребна во нашата земја,” рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Преку деинституционализацијата, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години ќе ги извлечеме од институциите и ќе ги сместиме во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување.”

Целта на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над 200 деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава.

„Кога грижата на семејството ја нема, на детето му препукнува срцето и му штети на растот и на развојот затоа што без оглед колку добронамерен и обучен е персоналот и без оглед колку е добро опремена големата институција, таа никогаш не може да ја замени љубовта и поддршката на семејната средина,“ рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

„Со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизира доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на децата кои се во моментот сместени во големи институции и да обезбедиме создавање широка мрежа семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои може да им треба згрижување во иднина.“

Кампањата беше изработена да го одбележи Светскиот ден на семејството и Националниот ден на згрижувачки семејства. Преку познатата македонска песна телевизискиот спот со порака „Дали имате љубов за давање„  ќе се емитува на националните телевизии и на девет регионални телевизии. Покрај радио, печатен материјал, билборди и дигитални материјали, кампањата вклучува и други начини на вклучување на луѓето во оваа иницијатива. Над педесет познати лица ќе и се приклучат на кампањата и ќе ја дадат поддршка преку своите профили на социјалните медиуми.

Во текот на наредните два месеци ќе се организираат отворени денови во триесет града преку локалната самоуправа, центрите за социјална работа и СОС Детско село за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства.

Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

актуелно дете кампања МТСП промоција УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.