Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Македонија, одржана на 14.11.2023 година, вработените во државната и јавната администрација во Скопје, во среда на 29-ти ноември ќе работат до 12.00 часот, а пак следниот ден (30-ти ноември) за нив е неработен. Истиот, информираат од Министерството за труд и социјална политика, нема да се одработува.
Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, но таа не важи за градинките, за здравствените установи и за безбедносните служби во главниот град.
Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите.
Се препорачува скопските општините и градската управа да ги спроведат заклучоците .
Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.







