Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МФ: „Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Република Северна Македонија
Економија

МФ: „Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Република Северна Македонија

септември 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Република Северна Македонија продолжува да расте и во текот на 2019 година движена од растот на потрошувачката и инвестициите“, соопшти Министерството за финансии пренесувајќи ја оценката на Агенцијата „Стандард и Пурс“ дека нашата
земја повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед.

Агенцијата проектира просечeн економски раст од околу 3 проценти до 2022 година, поддржан од зајакнувањето на институционалните капацитети во рамки на процесот на пристапување во ЕУ.

Буџетскиот дефицит се очекува да биде просечно околу 2,5 отсто во периодот по 2019 година.

Агенцијата го оценува јавниот долг како умерен во глобален контекст и оценува дека иако долгот ќе расте до 2022 година, понатаму ќе се стабилизира на ниво од околу 45 проценти.

Од Министерството за финансии посочуваат дека “Стандард и Пурс“ очекува во следните месеци да отпочнат преговорите за членство во ЕУ, што би влијаело на забрзување на реформите и подобрување на институционалниот капацитет на нашата земја.

Според Агенцијата, подобрување на кредитниот рејтинг може да следи со навременото имплементирање на реформите, зајакнување на институционалната поставеност и подобрување на економските перспективи.

Од друга страна, враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, можат негативно да се одразат врз кредитниот рејтинг.

Покрај денешната потврда на кредитниот рејтинг од “Стандард и Пурс“, Државниот завод за статистика вчера објави податоци за економскиот раст во втор квартал 2019 година кој изнесува 3,1 процент, со што во првата половина од годината економијата забележа раст од 3,6 проценти.

Во вториот квартал од 2019 година, реалниот раст на бруто-инвестициите продолжи со посилен интензитет и изнесува 11,1 отсто.

Од Народната банка на Република Северна Македонија информираат дека во извештајот, одделно внимание ѝ е посветено на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем.

„Меѓу другото, „Стандард и Пурс“ повторно наведе дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, придонесуваат за намалување на вкупната евроизација во земјата, којашто воедно е и пониска споредено содругите економии во регионот. „Стандард и Пурс“
одделно се осврна и на девизните резерви, коишто во текот на  оваа година бележат раст, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар“, посочуваат од НБ.

Според нив, во извештајот посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со нагласок дека тој е стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со ниско ниво на нефункционални пласмани, а дека неговите активности главно се финансирани преку домашните депозити.

„Стандард и Пурс“ даде позитивни оцени и за кредитниот пазар во нашата земја,
забележувајќи дека и покрај тоа што поголем дел од кредитирањето е насочено кон населението, во последниот период се забележува поголема активност и на сегментот на корпоративното кредитирање.

актуелно кредитен рејтинг МФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.