Хесус Навас се врати дома. Триесет и едногодишниот некогашен репрезентативец на Шпанија се врати во клубот од Андалузија, после четири сезони минати во Манчестер сити.
Навас потпиша четиригодишен договор со Севиља, за која постигна 34 голови на 394 натпревари во 10 одиграни сезони пред заминувањето во Англија.







