Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАВИВАЧКА ТРЕСКА ВО ФРАНЦИЈА: Најпродавани дресовите на Мбапе и Гризман
Фудбал

НАВИВАЧКА ТРЕСКА ВО ФРАНЦИЈА: Најпродавани дресовите на Мбапе и Гризман

декември 13, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Широка насмевка, крици од радост, раце кренати кон небото. Оваа прослава на Килијан Мбапе, после победата во четвртфиналето над Англија, го обиколи светот и го предизвика гневот на Англичаните, чии медиуми фрлаа со дрва и камења по парискиот магионичар под обвинение дека му се потсмева на противникот и става сол на раната.

Тоа е само една од „милионските“ медиумски стории кои ја следат француската репрезентација во подготовките за големото полуфинале против Мароко.

Фудбалот повторно стана најважното споредно нешто во светот во очите на јавноста. Мундијалска грозница ја тресе нацијата. Во продавниците се бара дрес повеќе. За една недела продажбата порасна за 40 отсто.

Најмногу се бара навивачка сина маичка по цена од 90 евра.

Онаа вистинската, играчкиот дрес, чини 140. Најбарани се оние со броевите и со презимињата на Мбапе и Гризман. Покрај дресови, се купуваат и капи и шалови, се што може да помогне во овие зимски денови, особено во собирањата на навивачите на отворено.

Големо внимание се посветува и на навивачките дилеми.

Имено, во Франција е присутна најголемата колонија на Мароканци надвор од матичната земја.Според официјалните податоци од Институтот за статистика, во Франција има вкупно 7 милиони имигранти, од кои околу 2,5 милиони имаат двојно државјанство.Од таа бројка, Мароканците претставуваат 12 отсто, што е на второ место по бројност, зад Алжир со 12,7.Тоа изнесува околу 840.000 Мароканци, но многумина ја споменуваат и неофицијалната бројка од дури 1,3 милиони во земја со вкупно 67 милиони жители.

Многумина од оние со двојна култура имаат дилема за кого да навиваат.

Сепак, често се извлекува „оправдување“ дека Французите веќе ја освоиле титулата, па дека сега на ред се Мароканците. Се претставуваат како „горди Французи кои не ја забораваат земјата на потекло“ и уверуваат дека ќе бидат задоволни кој и да победи.

дресови Мароко Мундијал навивачи Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив

октомври 28, 2026

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.