Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ЗНМ за заканите упатени кон Ризаов: Загрижува што дел од коментарите содржат повици за негово физичко елиминирање и смрт

август 10, 2026

Повеќе од еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

август 10, 2026

Гренлад не дозволува компанија на Трамп да истражува дали на островот има нафта

август 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ЗНМ за заканите упатени кон Ризаов: Загрижува што дел од коментарите содржат повици за негово физичко елиминирање и смрт
  • Повеќе од еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
  • Гренлад не дозволува компанија на Трамп да истражува дали на островот има нафта
  • Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска
  • Папа Лав Четиринаесетти: Да се „направи простор“ за дипломатија во конфликтот меѓу Русија и Украина
  • Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари
  • Температури до 40 степени следните два дена
  • Во Шпанија, врие по мигрантската криза, прстот покажан кон САД и Израел
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Повеќе од еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
Градови

Повеќе од еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

август 10, 2026Updated:август 10, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста тема во медиумите во Грција, кои објавуваат податоци, фотографии, но и видео од колоните возила што се упатуваат кон некоја од туристичките дестинации во северниот дел на земјата.

„Километарски колони и доцнења на Евзони“ – е најчестиот наслов во грчките медиуми о изминатите денови, а во текот на викендот на дел од телевизиите имаше и директни вклучувања од граничните премини.

Државната телевизија ЕРТ објави дека само денеска до пладне на влез во Грција биле регистрирани 16.500 лица, додека 8.500 лица ја напуштиле земјата.

– Показател за обемот на сообраќајот на граничниот премин Евзони е податокот дека само во изминатите три дена (7, 8 и 9 август) во земјата влегле 62.000 лица, а ја напуштиле 55.000 лица, а од почетокот на летото во Грција влегле 1.100.000 посетители, додека земјата ја напуштиле 940.000 посетители, објави ЕРТ.

Поконкретно, во јули годинава преку граничниот премин Евзони во Грција влегле 632.000 патници и излегле 554.000, а во јуни при влез во земјата биле регистрирани 468.000, а Грција на напуштиле 387.000 туристи.

Дел од грчките медиуми анализираат и како целата ситуација со доцнењата на граничните премини се одразува и врз туризмот во северна Грција, односно на Халкидики и областа Пиерија што се омилените дестинации на туристите од Балканот.

Претседателот на Здружението на хотелиери на Пиерија и потпретседател на Федерацијата на хотелиери на Грција Ираклис Цитлакидис, за грчката телевизија „Скај“ утрово посочи дека доцнењата за влез во Грција влијаат негативно и за оние кои доаѓаат секоја година, бидејќи тоа „би можело да делува како одвраќачки фактор.“

– Непријатно е кога посетителите се принудени да чекаат со часови на граница и првата слика што ја добиваат е негативна, факт што директно влијае како на туристичкото искуство така и на конкурентноста на регионот, објасни Цитлакидис.

Додаде дека предлагаат и бараат зајакнување на персоналот на граничните премини особено во периоди на зголемен сообраќај, зголемување на отворени контролните точки и зголемување на соработката со соседните гранични служби.

На истата тема, со акцентот на туризмот во областа Пиерија, Цитлакидис за „Нафтемборики“ објасни дека во најдобар случај, сезоната ќе ја завршат со приходи на исто ниво како лан

За минатиот месец, во однос на резервациите посочува дека бил „солиден“, а за првата половина на август исполнетоста е околу 80 отсто.

На Халкидики, според претседателот на Здружението на хотелиери и на Туристичката организација на Халкидики, Григорис Тасиос, сезоната ќе заврши со намалени приходи и пристигнувања споредено со лани.

Исто така за „Нафтемборики“, Тасиос посочува дека „2026 година е година на резервации во последен момент, а вистинските резултати ќе се видат на крајот од сезоната“.

Доцнења и колони, повремено се регистрираат и на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, на копнената граница со Турција.

Како што веќе објави МИА на почетокот на летото, новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација на патници од трети земји, дава можност на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци се до 6 септември годинава.

Нешто што веќе се преименува на Евзони, односно регистрацијата во системот се спроведува регуларно, но без фотографирање и земање отпечатоци.

актуелно влез Грција миион патници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Гренлад не дозволува компанија на Трамп да истражува дали на островот има нафта

август 10, 2026

Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска

август 10, 2026

Папа Лав Четиринаесетти: Да се „направи простор“ за дипломатија во конфликтот меѓу Русија и Украина

август 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.