Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над половина од основните училишта не се инклузивни за работа со деца со попреченост
Скопје

Над половина од основните училишта не се инклузивни за работа со деца со попреченост

декември 3, 2019Updated:декември 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од половина од основните училишта во скопскиот регион не се инклузивни на начин на кој што Законот за основното образование тоа го предвидува, односно немаат вработено образовни и лични асистенти за поддршка на децата со попреченост.

Во мал број на училишта има вработено специјални едукатори и рехабилитатори за поддршка на децата со попреченост, но загрижува фактот што нивно вработување е на ниво на проектна активност.

Ова го истакна заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, на денешната промоција на Извештајот за истварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби, подготвен од тимот за мониторирање на остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби, по повод Меѓународниот ден на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Во 84 основни училишта во скопскиот регион, кои одговориле на извештајот, во новата учебна година се запишале 1.236 деца со попреченост, а најголемиот дел од деца со попреченост се со лесна попреченост во развојот и деца кои имаат аутистичен спектар на нарушување, но податоците говорат дека и другите видови на попреченост се застапени во редовното образование.

Проблем е, како што наведува Бајрамовска-Мустафа, што не се сите основни училишта инклузивни на начин на кој што тоа Законот за основното образование го предвидува, а во моментов општините не се подготвени да им излезат во пресрет на барањата на сите родители кои имаат наод и мислење за попреченоста на детето кое има потреба да биде вклучено во редовното образование, и на кое што ќе му треба соодветна поддршка.

Законот за основното образование стапи во сила во септември годинава и се применува во новата учебна година, но според заменик народниот правобранител, отсуство е што во Законот нема јасни и прецизни одредби за тоа како инклузијата навистина да се случи.

Според неа, позитивно е што во Законот се зборува за ученици со посебни образовни потреби, што е погенерално од ученици со попреченост, бидејќи, како што појасни, учениците со попреченост се само една од групи што спаѓаат во деца со посебни образовни потреби, тука спаѓаат и деца кои имаат несоодветно однесување, или децата кои што потекнуваат од средини кои што има потреба да се работи со нив.

Додаде дека отсуствува и воспоставување на потребната поддршка и соработка меѓу посебните училишта што треба да делуваат како училишта со ресурсен центар, но наведе дека таква соработка се уште не е воспоставена и во пракса има училишта кои не се целосно инклузивни, или нема обезбедно наставни материјали.

„Недостаток е и што училиштата немаат обезбедено посебни наставни материјали. На пример, имате дете вклучено во редовен образовен процес кој што има проблеми со видот или е слепо, а нема соодветни наставни материјали прилагодени за следење на наставниот процес. Од друга страна, нема ниту вработен кој ќе може да му помогне на детето“, наведе Васка Бајрамовска-Мустафа.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, кој имаше свое излагање на денешната промоција на Извештајот и тимот на за мониторирање на имплементација на Конвенција за правата на лицата со попреченост, рече дека на попреченоста не треба да се гледа како на недостаток или болест на лицето.

„Во духот на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ќе речам дека попреченоста е последица на неуспехот за инклузивно општество, за прифаќање на индивидуите со нивната различност. Промените во врска со лицата со попреченост треба да се бараат во општеството, раководејќи се од Конвенцијата која ги дава насоките за таквите промени“, рече Мемети.

актуелно основни училишта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.