Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617
Во Фокусот

Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617

април 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади.

Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30 откако вчера починаа три нови лица меѓу кои и 27-годишната родилка од Куманово која е најмладиот досега починат пациент во земјава од Ковид-19.

Засега се излекувани 37 лица.

Од новорегистрираните 18 пациенти заразени со Ковид-19, седум се од
Скопје, четворица од Прилеп, по двајца од Куманово и Битола, и по еден од Кавадарци, Крушево и Кочани.

Дури 72-ца од вкупно 617-те заболени се медицински лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово-130, Дебар–49, Штип-20, Прилеп–38, Тетово– 29, Струга–28, Велес–10, Битола–8, Охрид–3, Кавадарци–3, Гостивар–4, Гевглелија–4, Струмица–2, Крива Паланка-3, Радовиш–4, Крушево–3 и Кочани–18.

На Инфективната клиника примени се четири нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ примени се четири нови сомнителни пациенти на коронавирус.

Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осум се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување.

Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со среднотешка клиничка слика со пневмонија и три стабилни.

Во болницата во Битола, исто така, нема прием на нови пациенти.

Во моментов има четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста.

Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет–19, Авицена–22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев)–100.

Досега во земјата се направени 6.230  тестирања на Ковид-19.

Турција вчера попладне со авион на турската армија на земјава и достави помош од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Вчера стапија во сила и новите владини мерки, што предвидуваат забрана за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

актуелно коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.