Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци
Економија

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

март 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.

„Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски, појаснувајќи дека ова е по основ на полисата за автоодговорност и дека таа сума ја делат сите во сообраќајката.

Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување

„Дополнително доколку оштетените имаат основ и побаруваат повеќе од овој максимален износ на штета тогаш тие директно можат таа штета да ја побаруваат од причинителот на штетата, појасни Попоски.

Ова, како што соопшти, ќе биде една од поголемите исплатени штети во последните години, покрај онаа за хеликоптерската несреќа, а минатата година највисоката штета е исплатена во износ од 35,196 милиони денари на правно лице од страна на компанијата Осигурување Македонија.

Минатата година како што посочи Попоски исплатени се бруто штети во износ од 3,92 милијарда денари и во однос на 2017 година бележат раст од 9,53 отсто.

Осигурителниот пазар минатата година, како што посочија Попоски и претседателот на Здружението за осигурување при Стопанската комора на Република Македонија Ѓорѓе Војновиќ има раст на приходите од 10,4 отсто.

Минатата година има раст во сите класи осигурување, а како што беше истакнато има се уште потенцијал за раст на пазарот.

Забележителен раст има кај бруто полисираната премија кај земјоделското осигурување од 65,98 проценти и изнесува 261,02 милиони денари. Растот кај осигурувањето на посевите и плодовите кај индивидуалните земјоделци е 59,05 проценти, додека кај правните земјоделски стопанства 46,30 отсто. Најголем раст, како што рече Попоски, е забележан кај осигурувањето на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206 отсто, додека кај правните лица од 33 отсто.

На земјоделците им порача дека може да се дојде до намалување на цената на осигурувањето доколку тие преземат превентивни мерки и притоа ги намалат ризиците.

Раст имаме и кај осигурувањето живот од 29,57 отсто, со склучени 22.264 договори.

Она што очекуваат во 2019 година е нов закон за осигурување што е усогласување со ЕУ и воведување повисоки стандарди, како и окрупнување, што веќе се случува.

-Едно преземање има на осигурителна компанија од страна на Халк банка. Во тек се разговори за преземање на уште една осигурителна компанија, а има интерес и од странски инвеститор, рече Попоски.

актуелно ласкарци оштета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.