Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитите
Економија

Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитите

јули 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И депозитите и кредитите во јуни забележале раст на месечно ниво под еден отсто, а на годишна основа депозитите имаат раст од 10,5 отсто, додека кредитите од 8,1 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Депозитите кај корпоративниот сектор забележаа раст од 1,3 отсто кој произлегува од растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при мал пад кај долгорочните депозити во странска валута.

Стапката на годишен раст на депозитите изнесува 10,1% и е резултат на зголемувањето на сите категории, со најголем придонес на депозитните пари што објаснуваат две третини од растот.

Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен растод 0,4 отсто, во најголем дел заради растот на депозитните пари, како и растот на орочените депозити во денари и во странска валута.

Годишниот раст изнесува девет отсто и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска валута.

Во јуни, банките и штедилниците одобриле кредити на домаќинствата што на месечно ниво се повисоки за 1,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 9,9отсто.

На месечно ниво, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво е обратно, односно придонесот на кредитирањето во денари е поголем во однос на кредитирањето во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории –потрошувачките и станбените кредите забележан е месечен раст од 1,5 отсто, односно еден отсто, при годишно зголемување од 12 отсто, односно 12,9 отсто.

Овој месец, автомобилските кредити забележле месечен пад од 1,2 отсто, при годишен раст од четири отсто додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и на годишно ниво оствариле намалување од 0,4 отсто и 1,5 отсто, соодветно.

Негативните салда на тековните сметки забележале месечен и годишен раст од 1,9 отсто и 2,7 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи оствариле месечен раст од 0,4 отсто, при истовремен годишен пад од 8,2 отсто.

депозити Кредити Народна банка раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.