Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Народна банка: Раст на економијата, но поумерен во споредба со првото тримесечје
Економија

Народна банка: Раст на економијата, но поумерен во споредба со првото тримесечје

август 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Натамошен раст на економијата, но веројатно поумерен во споредба со првото тримесечје, се прогнозите на Народната банка за вториот квартал од 2019 година.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите седум месеци од годинава изнесува 1,2 отсто, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5 проценти за целата 2019 година.

Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година засега се оценуваат како урамнотежени.

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчера на редовна седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 2,25 отсто, а понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 14 август 2019 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

На седницата беа разгледани најновите остварувања во домашната економија во контекст на најновите макроекономски проекции.

Според Комитетот, економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на
нерамнотежи во економијата.

Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната позиција во платниот биланс, контекст кој придонесува за континуирани интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината.

Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, остварувањата за надворешнотрговската размена заклучно со вториот квартал на оваа година покажуваат понизок трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на јули засега се во склад со проектираните и укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватни трансфери на ниво на очекувањата за третото тримесечје.

Девизните резерви на крајот на јули се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јули покажуваат натамошен раст на годишна основа, кој кај кредитите е нешто поумерен.

Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките се задржа на стабилно и високо ниво, поради што банките имаа слаба потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити.

Од аспект на тековите на ликвидност во банкарскиот систем, сезонски повисоката
побарувачка на денарска готовина на населението беше целосно надоместена од емисијата на денарски средства од Народната банка, остварена со интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар.

Конкретно во јули, Народната банка откупи 43,8 милиони евра.

Високиот месечен износ врз основа на интервенции беше остварен во услови на
зголемен откуп на девизи на банките во трансакциите со менувачниците, што е вообичаено сезонско движење, а во јули годинава се оствари во поголем обем во однос на истиот месец претходните години.

Банките ја искористија девизната ликвидност за задоволување на побарувачката на сопствениот и на меѓубанкарскиот девизен пазар, а вишокот девизни средства беше откупен од Народната банка.

Откупот на девизниот пазар продолжи и на почетокот на август, при што збирно од почеток на годината, заклучно со 13 август, Народната банка има откупено 174,55
милиони евра.

Банките продолжија да го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Надолните ризици за светската економија преовладуваа и во јули, поради што политиките на централните банки на глобално ниво беа насочени кон поддржување на економскиот раст.

На финансиските пазари во еврозоната беше забележан пад на приносите на безбедните инструменти, во услови на зголемена побарувачка од инвеститорите, заради настојување да се остварат поголеми приноси и очекувања за
олабавување на политиката на ЕЦБ.

На редовниот состанок, ЕЦБ испрати сигнал дека е подготвена да преземе активности за дополнителна монетарна поддршка.

Централната банка на САД – ФЕД, како што се очекуваше, го намали целното ниво на движења на референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, во распон од 2% до 2,25%.

Ваквата одлука беше претставена како приспособување на монетарната политика според тековниот економски циклус, при што беше нагласено дека тоа не
претставува почеток на интензивен циклус на експанзивна монетарна политика.

На почетокот на август уште повеќе се зголеми променливоста на меѓународните финансиски пазари, откако силно се заострија трговските односи помеѓу САД и Кина.

САД најави дека ќе воведе царини на увоз на производи од Кина, коишто досега не се оцаринети, бидејќи во преговорите меѓу двете земји не беше забележан очекуваниот напредок.

Општо земено, на седницата беше заклучено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, додека согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена.

Притоа, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување.

Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

економија Народна банка раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.