Две соларни светлини со голема јачина забележани се вчера, рано утрото, а втората била насилна забележана од декември 2008 година, кога почна сегашниот циклус на сончева активност, објави НАСА.
Тие експлозии во атмосферата на Сонцето кои можат да ја нарушат работата на комуникациски сателити и уредите за навигација, но и мрежите за електродистрибуција, така што досегаат високо во атмосферата, ги откри и ги сними сателит на американската вселенска агенција Solar Dynamics Observatory.
НАСА објави дека ерупциите се класифицирани во категоријата „Х“, што е ознака за најсилна експлозија, и дека ги прекинале радиокомуникациите на високите фрекфенции во времетраење од еден час на страната на Земјата наспроти Сонцето и комуникациите на ниските фрекфенции кои што се употребуваат во навигацијата.
Две соларни светлини се случиле во активната регија на Сонцето во која ерупција од средна силина се случи на 4 септември.
Актуелниот соларен циклус почна во декември 2008 година, а просечно соларните циклуси траат 11 години. На крајот на активната фаза, ерупциите стануваат се поретки, но можат, меѓутоа, да бидат многу силни. Соларните бури се резултат на акумулација на магнетска енергија на одделни места во афтосферата на Сонцето.







