Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Наскоро ќе бидат достапни брзи тестови за Ковид-19 – во моментов се активни 2303 случаи на заразени во земјава
Македонија

Наскоро ќе бидат достапни брзи тестови за Ковид-19 – во моментов се активни 2303 случаи на заразени во земјава

септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека многу скоро се очекува во болниците во нашата земја да бидат достапни брзи тестови за Ковид 19, посочувајќи дека Министерството за здравство планира надградување на стратегијата за тестирање, односно ново воспоставување на стратегијата за широко тестирање. Во моментов во земјава се активни 2303 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 17 674 заболени лица, оздравени се 14 642 лица, а починаа 729 како последица од вирусот.

– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија, без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече Филипче.

Освен во болниците, министерот додаде, дека брзи тестови за Ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот истакна дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, посочи министерот,  се штитат и сите луѓе околу позитивните.

Премиерот Зоран Заев наведе дека Владата и надлежните институции се целосно посветени на мерките за лична заштита преку кои ќе се спречи ширењето на КОВИД-19, а со тоа и потребата од карантин и други порестриктивни мерки.

-Она на коешто сме сите фокусирани од здравствената комисија до државниот кризен штаб до Владата е мерките на лична заштита. Тука ги полагаме сите надежи. Сите се свесни, граѓаните знаат дека се во иднина ќе зависи од тоа колкав ќе биде бројот на заразени, бројот на смртни случаи, колку ќе трае оваа пандемија зависи од нашата лична одговорност. Колку повеќе носиме макса, правиме дезинфекција, држиме дистанца, не мора секој пат да правиме средба, можеме и по телефон дел од работите да ги завршиме, рече Заев.

Со намалување на тепературите, како што кажа, се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките. Владата, како што кажа Заев не размислува за нов карантин како мерка, но доколку надлежната Комисија поредложи аргументи, не се исклучува и таа опција.

Заев рече дека инспекциите казнуваат, затвораат, се поднесуваат кривични пријави, но не можат да ја најдат секоја домашна прослава.

-Сите да се потсетиме како беше и колку беше и колку е тоа страшно што се случува со оваа пандемија. Ние сите се опуштивме. Доаѓа зима, зимата ќе биде многу потешка од летото затоа што летото генерално, кажуваат стручните лица што значи дури и инфицирањето и како тоа се пренесува, зошто имаме асимптоматски случаеви, во зимата тоа нема да е така. Од почитувањето на мерките ќе зависи како државата ќе се движи. Ние како Влада не одлучуваме за овие работи. Ако прашате дали ќе затвараме, дали ќе има карантини. Не. Зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не. Ама Комисијата која што е императив над сите ги каже сите издржливи аргументии тоа се случи, ние што да правиме, не сакаме, ниту Комисијата сака, ниту некои очекуваат дека има потреба од тоа, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките, рече Заев.

Тој потенцираше дека единствените мерки околу здравствениот аспект којшто во моментот ги разгледува Владата е како да се охрабрат и наградат здравстените работници.

Вчерашната статистика на Министерството за здравстви покажува 48 нови случаи од 387 тестирања. Починати се четири лица, а оздравеле 61 пациент.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци, примени биле шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани биле 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени биле 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани биле 17, а во болницата во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани се 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

актуелно брзи достапни тестови коромна вирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.