– Група научници од Центарот за вселенски летови Годард на американската вселенска агенција НАСА, под раководство на Конор Никсон, откриле органски молекули циклопропенилиден на Титан, најголемиот природен сателит на Сатурн.
Научниците досега успеале да добијат таква молекула само во лабораториски услови. Оваа молекула не постои во природните услови на Земјата ниту на другите планети или сателити во Сончевиот систем, затоа што таа многу лесно реагира со други молекули и формира посложени соединенија.
Молекулата циклопропенилиден научниците ја забележале во високите слоеви на атосферата на Титан. Истражувањето е објавено во научното издание „The Astronomical Journal“.