Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: На нашата планета и се заканува „фосфогедон“
Во Фокусот

НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: На нашата планета и се заканува „фосфогедон“

март 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Научниците изразуваат стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво.

Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа придонесува за климатската криза, пишува Гардијан.

Во исто време, процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои го загрозуваат рибниот фонд, предупредуваат научниците.

Покрај тоа, претераната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и на се поголемата климатска криза која ја предизвикува емисијата на штетни гасови.

„Ја достигнавме критичната точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе се соочиме со катастрофа која ја нарековме ‘фосфоргедон’“, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер.

Фосфорот во 1669 година го открил германскиот научник Хениг Брант.

Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани.

„Едноставно речено, нема живот на Земјата без фосфор“, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот во Бристол.

Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба – фосфорот го помага растот на земјоделските култури.

Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во исхраната на осумте милијарди жители на нашата планета.

Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји. Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето.

Се поголемиот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се плашат дека светот може да се соочи со трошење на резервите на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат да го добијат за да го прехранат своето население.

Ваквите предвидувања загрижуваат бројни аналитичари, кои се плашат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат поголемиот дел од светските резерви, оставајќи го Западот многу ранлив на скокот на цените.

Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 70-тите години од минатиот век.

Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички при користењето на фосфати по полињата.

Ѓубривото кое од нив се „измива“, како и испуштањето на отпадна вода богата со фосфор, резултираат со загадување на водата во големи размери и влијае на штетното цветање на алгите.

Со овој проблем се погодени и некои од најголемите слатководни подрачја во светот, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка.

Цветањето во Ири во последниве години резултираше со целосно загадување на водата за пиење.

Исто како и на копно, фосфатите го помагаат и растот на водните билки, но нивниот раст го задушува цветањето на алгите, па затоа во овие области се формираат водени мртви зони.

А, таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми.

„Климатските промени значат дека ќе има уште повеќе цветање на алги поради потоплите временски услови“, рече професорот Брајан Спирс од британскиот Центар за екологија и хидрологија во Мидлтиан.

„Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, таа може да се распадне и да почне да произведува метан. Значи, зголемувањето на цветањето ќе значи дека повеќе метан ќе се пумпа во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за загревање на атмосферата… Тоа е причина за вистинска загриженост“, предупреди Спирс.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Нова Македонија“)

актуелно катастрофа метан форфор фосфатно ѓубриво храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.