Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница.
„На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во Национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, напиша владиниот портпарол Миле Бошњаковски на „Твитер“.
Во 2009 година, претходната Влада го преименува поранешниот Градски стадион во Национална арена „Филип Втори“.







