Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нацрт-извештај на ЕП: Целосна поддршка на амбицијата на земјава за членство во ЕУ, но и повик за спроведување на уставните измени
Македонија

Нацрт-извештај на ЕП: Целосна поддршка на амбицијата на земјава за членство во ЕУ, но и повик за спроведување на уставните измени

март 18, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија продолжува да демонстрира посветеност на интеграцијата во ЕУ и усогласувањето со нејзините политики, па Европскиот парламент повикува на брз напредок во пристапните преговори, но истовремено ја истакнува и важноста од усвојување на договорените уставни амандмани, се наведува во Нацрт-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи на ЕП (АФЕТ) за земјава, Томас Вајц, во кој увид имаше МИА.

(Европскиот парламент) ги охрабрува сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, кои би го зајакнале мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзале нејзиниот напредок кон членство во ЕУ, се наведува во текстот на нацрт-извештајот, што денеска ќе биде презентиран пред членовите на Комитетот.

На предложениот текст на овој извештај европратениците имаат право на амандмани, па конечната негова верзија, што би требало да биде усвоена во мај, би можела да претрпи извесни измени.

Во извештајот се повторува целосната поддршка на ЕП на амбицијата на Северна Македонија да се приклучи на ЕУ и се потсетува на потребата да се задржи моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција.

– Ги поздравуваме новиот Механизам за реформи и раст за Западен Балкан, кој ќе обезбеди 750 милиони евра грантови и заеми за Северна Македонија, како и континуираната стабилност на меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, се додава во документот.

Во Нацрт-извештајот се повикува земјава да ги интензивира напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и подобрувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

Во предлог документот се наведува дека демократските институции во земјата функционираат „задоволително“, но оти политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи.

Во документот се поздравува усвојувањето на новиот Деловник на Собранието, додека во однос на Изборниот законик се наведува дека е потребна „сеопфатна изборна реформа“ и се повикува на имплементација на вонредните препораки дадени од ОДИХР и Венецијанската комисија.

ЕП повикува на подобрено регулирање на финансирањето на политичките партии и кампањи, вклучувајќи и мерки за зголемување на транспарентноста, на континуирана модернизација на јавната администрација заснована на заслуги, адресирање на системските предизвици на политизација и зајакнување на транспарентните процеси на регрутирање, како и на понатамошни чекори за да се обезбеди системска одговорност на јавните институции преку значајни и јавни консултации со засегнатите страни.

– Ги повикуваме властите на Северна Македонија да се воздржат од нетранспарентни политизирани отпуштања и назначувања на функции во независните тела и агенции, како и да обезбеди дека организациите се соодветно финансирани и дека одлуките и препораките се спроведуваат доследно, се додава во Нацрт-извештајот.

Во документот се потсетува на потребата од реформа на правната рамка што ги регулира онлајн и офлајн медиумите, со цел нејзино целосно усогласување со Европскиот закон за слобода на медиумите и се повторуваат барањата на ЕО за „сеопфатна реформа на правилата за државното финансирање и рекламирање на политичките партии во медиумите“.

Со нацрт-извештајот се повикува на подобрување на уредувачката и финансиската независност, непристрасноста и професионалноста на јавните радиодифузни сервиси и медиумските регулатори и се изразува загриженост за „континуираните закани и напади врз новинарите“.

– Го поздравуваме назначувањето на обвинител надлежен за нападите врз новинарите и воспоставувањето механизми за известување за кибер малтретирање, се наведува во текстот и се повикува за зајакнување на мерките за поддршка на истражувачкото новинарство и медиумската писменост со цел борба против говорот на омраза, дезинформациите и странското мешање.

ЕП го поздравува и енергичното и конструктивно граѓанско општество во земјата, кое игра клучна и позитивна улога во реформскиот процес и забележува дека постои амбиент што им овозможува функционирање на граѓанските организации, но посочува и дека треба да се спроведат правни и финансиски рамки за да се обезбедат транспарентни механизми за јавно финансирање.

Во нацрт-извештајот во кој увид имаше МИА се изразува загриженост поради „недостигот на напредок во родовата рамноправност и растот на антиродовите движења“ и се повикуваат властите во земјата да го подобрат пристапот до услугите за жртвите на родово базирано насилство.

– Меѓуетничките односи остануваат стабилни и Охридскиот рамковен договор продолжува да се спроведува. Потребно е соодветно финансирање и екипирање за институциите кои ги штитат правата на немнозинските заедници. Лицата со попреченост и натаму се соочуваат со значителни бариери, бидејќи законодавството на земјата се уште не е усогласено со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, се додава во нацртот на документот.

Во предложениот текст се поздравува првата судска одлука за говор на омраза против ЛГБТИК заедницата, но повикува и на систематско гонење на сите случаи на говор на омраза, злосторства од омраза и заплашување. Исто времено, од земјата се бара да го зајакне менаџирањето се миграцијата, да го подобри усогласувањето со правото на ЕУ и да одговори на постојаните предизвици во справувањето со редовната и нерегуларната миграција.

– Со сериозна загриженост се забележува дека досието на земјата во борбата против корупцијата се влоши, особено поради измените на Кривичниот законик кои ја ослабнаа правната рамка, што резултираше со прекинување на многу тековни случаи и дека вооченото ниво на доверба во судството останува многу ниско, па се повикува на зајакнување на независноста, транспарентноста и ефективно функционирање на правосудните органи. Со загриженост се забележува недостиг на напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, како и дека финансиските истраги и натаму се слаби, па се повикува на зајакнување на оперативниот капацитет и соработката на структурите одговорни за борба против организираниот и финансискиот криминал, се наведува во нацрт-извештајот.

Во него натаму се повикува на зајакнување на независноста на безбедносните и разузнавачките тела преку соодветни регулаторни рамки, како и на понатамошни напори за градење отпорност против странско мешање и манипулација со информации.

Во делот посветен на социо-економските реформи се препорачува земјата да продолжи да ги следи чекорите за подобрување на деловната клима и инфраструктура, за зајакнување на образованието и дигиталната инфраструктура и за подобрување на системите за социјална заштита.

– Ја охрабруваме Северна Македонија да ја унапреди својата дигитална трансформација и ја нагласуваме потребата да се одговори на одливот на мозоци, особено на медицинските и младите професионалци, препорачува ЕП во предлог текстот.

Во нацрт-извештајот натаму се потсетува на потребата за дополнителни напори за исполнување на целите за енергетска ефикасност, развој на обновливи енергетски извори, безбедност во снабдувањето со енергија и намалување на емисиите на штетни гасови и се повикуваат властите да го усогласат законодавство на земјата за животната средина и за климатските промени со правото на ЕУ и да обезбедат негово спроведување.

– ЕП ја нагласува итната потреба за подобрување на квалитетот на воздухот, силно ги повикува властите да ги засилат мерките за биолошката разновидност, заштитата на водата, воздухот и климата и регионалното управување со отпадот. Ги повикува властите во земјата да ги засилат напорите за надградба на транспортната и енергетската инфраструктура и регионалното поврзување и да ги решат постојаните одложувања во развојот на критичната инфраструктура, се додава во текстот.

Во нацрт-извештајот се поздравува придонесот на земјата за регионалната соработка и стабилност преку нејзиниот ангажман во регионалните иницијативи, континуираната посветеност на евроатлантската безбедност и усогласувањето со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, како и нејзиното целосно усогласување со санкциите поврзани со Русија.

– ЕП ја пофалува посветеноста на земјата за негување добрососедски односи и нејзината улога како модел за мирно решавање на билатералните спорови преку дијалог и меѓусебно разбирање и во таа смисла потсетува дека билатералните договори треба да се спроведуваат со видливи резултати и со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. ЕП повикува на доследна посветеност на дијалог и соработка со соседните земји за да се поттикне меѓусебната доверба, се додава во нацрт-верзијата на извештајот во кој МИА имаше увид.

актуелно ЕУ извештај измени нацрт уставни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.