Иако со години веќе не се продава, Хонда С2000 е, и во денешни рамки, еден од најпосакуваните брзи автомобили на светот.
Како и не би бил кога нејзиниот Ф20Ц мотор кој од два литри зафатнина дава 250 КС специфична сила беше светски број 1 во конкуренција на атмосферски мотори се до доаѓањето на Ферари 458 Италија.
Но, конкретниот примерок ги руши сите предрасуди. Тој развива преку 1.500 КС, речиси по 400 КС на секој цилиндер.
Најголемиот дел од заслугите оди на сметка на огромните турбини, а епилогот е фантастичен: 402 метри долгата рамна делница ја поминува за 6,9 секунди во трката за забрзувања, со излезна брзина од неверојатни 300 километри на час.
Како изгледа тоа погледајте во продолжение.