Откако ја зголеми референтната каматна стапка за 500 базични поени од почетокот на март 2022 година, ФЕД на последниот состанок одлучи да го задржи опсегот на референтната стапка на достигнатите нивоа, на 5,0 или 5,25%.
Меѓутоа, ажурираните економски проекции сигнализираат дека тоа не значи крај на заострувањето на монетарната политика, туку дека очекуваната терминална стапка е поместена погоре за 50 базични поени.
Во недостаток на податоци кои би укажале на одржлива дезинфлација во економијата, ФЕД сака да продолжи да ја затегнува монетарната политика. Иако бевме скептични дека ФЕД ќе го продолжи циклусот на зголемување на стапката во јули, после јунската пауза, сега тоа изгледа како најверојатната опција.
ФЕД сака да го задржи пристапот кој се темели на економски податоци, а одлуката за каматната стапка би требало главно да се заснова на информации за движење и развојот на економиите и инфлациите во мај. Следниот дводневен состанок е закажан за 25 и 26 јули.
Во исто време, според очекувањата, подигањето на референтната каматна стапка во септември е помалку веројатно отколку што сугерираат новите проекции на ФЕД.
Имено, американската централна банка веројатно не сака да влијае на потенцијалното олабавување на влијанието на монетарната политика преку каналот на очекувањата на пазарните чинители пред да биде поизвесна одржливоста на дезинфлаторните сили.
На последниот состанок во Франкфурт, Европската централна банка одлучи да ги зголеми клучните каматни стапки за уште 25 базични поени, па така депозитната стапка достигна 3,5 отсто.
Заострувањето на монетарната политика се спроведува и преку квантитативно заострување, бидејќи Управниот совет од јули 2023 година повеќе нема да спроведува реинвестирање како дел од АПП.
Досега, наведеното портфолио на програмата за купување хартии од вредност се намалуваше со умерена и предвидлива динамика, односно Евросистемот не ја реинвестира целосно главнината на доспеаните хартии од вредност.
Просечното месечно намалување во износ од 15 милијарди евра се спроведува до крајот на јуни 2023 година. Понатамошни промени во политиката на постоечките програми не се најавени. Со претпазливост за влијанието на економските изгледи, ЕЦБ на тој начин ќе го продолжи својот циклус на затегнување.
Претседателката Кристин Лагард беше дури и изненадувачки јасна на конференцијата за новинари: ако макроекономските перспективе значително не се променат, ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува референтните стапки на следниот состанок.
Иако тоа од претходно се предвидуваше меѓу пазарните акционери, одлучувачката комуникација беше доживеана исклучително грубо.
Следната седница на Управниот совет е закажана за 27 јули.
Се поставува прашањето што би ја спречило централната банка да ги зголеми каматните стапки во септември.
Се чини дека тогаш новите прогнози ќе бидат пресудни – дали инфлацијата ќе продолжи да биде предолго претерано висока за носителите на монетарната политика? Многу е веројатно дека следната расправа во Управниот совет ќе биде мошне жестока.
Согласно наведеното, доегашните проекции на Рајфајзен Рисрч главно вредат, особено за очекуваниот правец на монетарната политика на Европската централна банка. Од друга страна, направено е прилагодување на терминалната стапка од другата страна на Атлантикот.
Реториката на претседателот на ФЕД, како и најновите економски проекции, сугерираат на продолжување на референтниот циклус на зголемување на каматните стапки.
Како резултат на тоа, зголемена е прогнозата за терминалната стапка за 25 базични поени на опсег од 5,25-5,50%. Што се однесува до последователното влијание врз приносите на американските државни обврзници, тоа ќе биде поинтензивно кај обврзниците со пократок рок на доспевање. Не може да се исклучи уште едно зголемување од 25 базични поени на референтната стапка. Од оваа страна на Атлантикот, проектирано е уште едно зголемување на референтните каматни стапки за 25 бб и, следствено на тоа, циклусот на зголемувања на каматните стапки од страна на централната банка на монетарната унија би требало да заврши.







