Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАЈДОБРИТЕ НА ЕДНО МЕСТО: „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир – CPhI
Економија

НАЈДОБРИТЕ НА ЕДНО МЕСТО: „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир – CPhI

октомври 27, 2023Updated:октомври 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients).

Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ.

„Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници за соработка со компанијата. Со секое следно учество на CPhl, ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т.н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците од врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од Одделот „Фармација“ при „Алкалоид“.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Барселона собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи. Тоа е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето тридецениско постоење прерасна во заедница која обединува преку 280.000 професионалци кои работат во глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија. Тимот на „Алкалоид“ оствари продуктивни средби и размени драгоцени искуства со голем број на фармацевтски професионалци од целиот свет.

„Вообичаено остваруваме средби со нашите постојни добавувачи на репроматеријали и на активни состојки, со нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така, целиме кон нови контакти, со кои градиме вредни деловни релации. Она што јас лично можам да го кажам за CPhI е тоа дека ова е единствениот ‘one-stop-shop’ во светот на фармацевтската индустрија каде што ќе најдете сѐ што постои во неа. Она што нема да го најдете на CPhI значи дека не постои. За CPhI не се потребни никакви посебни препораки, затоа што сите доаѓаат да дознаат за последните достигнувања во сферата на фармацијата и да направат нови контакти за да го растат својот бизнис“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид“ АД Скопје.

CPhI е извонредна можност за добивање информации за најновите достигнувања од областа на фармацијата, за да се одржи чекор со динамичните трендови во фармацевтската индустрија. Тој има пракса на ротирање, па во последниве години се одржуваше во Брисел, Милано, Мадрид, во Париз, Барселона и во Франкфурт.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Нова Македонија)

актуелно алкалоид Барселона саем фармација Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.