Најмалку 126 мигранти се водат за исчезнати после потонувањето на импровизираното пловило со кое тргнале од Либија, изјави портпаролот на Меѓународната организација за миграции, Флавио Ди Џакомо.
Тој ги пренесе изјавите на четворица преживеани.
Според нивните зборови, околу 130 мигранти, нејголемиот дел од нив од Судан, се качиле во четвртокот во Либија во гумен чамец кој после неколку часови пловидба потонал во Средоземното море.
Ди Џакомо рече дека либиски рибари пронашле живи и здрави само двајца Суданци и двајца Нигеријци.