Крејг Тарнер (59) е пронајден мртов во својот стан во Студио сити во Калифорнија, а обдукцијата покажала дека си стрелал во глава од пушка.
Сеуште не е познато поради што Крејг си го одзел животот.
Тина Тарнер имала само 18 години кога го родина Крејг, чиј татко е саксафонистот Рејмонд Хил. Кога пејачката во 1962 година се омажи за Ајк Тарнер, тој го посвои Крејг како свој син.
Тина Тарнер во 2013 година се откажа од американското државјанство и од тогаш живее во Европа со сопругот Ервин Бах. Веста за смртта на синот ја затеше во Берлин, каде присуствуваше на Неделата на модата.
Тина претходно кажуваше дека злоставувањето што го доживеала од сопругот Ајк го одбележало детството на Крејг.
„Тој беше емотивно дете и секогаш ја наведнуваше главата. Беше тажен. Се сеќавам, секогаш кога Ајк ме тепаше, Крејг тропаше на вратата и викаше: ‘Мамо, добро ли си’? Тогаш го замолив да не ме тепа повеќе дома, децата да не го слушаат и гледаат тоа“, и се исповедаше Тина Тарнер на Опра Винфри во интервју во 2005 година.
Со Ајк го добила и синот Рејмонд и ги усвоила двете негови деца од претходните врски.