Професорката Мирјана Најчевска беше казнета за фрлање боја на државни институции. Ова го соопшти на својот фејсбук профил, каде напиша дека и стигнале две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека е одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ја задолжила да плати 200 евра.
„Тоа e онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на Шарената револуција чиј дел бев и јас, а која што се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување било кој облик на насилство. Имам намера да го оспорам Решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко-теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозор, истакна Најчевска.








