Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На Германија и требаат илјадници работници
Анализи

На Германија и требаат илјадници работници

ноември 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Речиси 34 милиони луѓе во Германија се во регуларен работен однос. Тоа е нов рекорд. Но, истовремено и понатаму расте бројот на непотполнети работни места. Годините со висок наталитет се веќе минато, а заради негативниот демографски развој, се е помал бројот на работници. Се повеќе фирми се жалат на недостаток на стручна работна сила. За германската економија тоа е еден од најголемите деловни ризици, пишува Дојче Веле.

Колку е состојбата сериозна, покажуваат најновото испитување на јавното мислење кое по налог на фондацијата „Бертелсман“ го спроведе институтот Цивеј. Од 7.500 анкетирани претприемачи, 66 отсто навеле дека не можат да пронајдат доволно стручни работници. Минатата година 55 отсто изјавиле дека се соочуваат со проблеми при пополнување на работните места.

Од година во година е се потешко

Состојбата не е иста во сите дејности, регии, занимања и квалификации. Ако фирмите кои имаат недостаток на работна сила ги прашате што точно им недостасува, речиси секоја втора наведува лица со завршено средношколска стручна подготовка. Академски образувани недостасуваат во секоја четврта фирма. Со оглед на дејноста, недостаток на стручна работна сила посебно ги погодува негата на стари и немоќни лица и здравството.

„Факт е: во Германија недостасува работна сила“, предупреди во август Детлеф Шел, претседател на управниот одбор на Сојузната агенција за вработување. „Од негователи, преку одржување на климатизација до логистика и факултетски образувани. Секаде ќе недостасува стручна работна сила“. Според неговите податоци, на Германија и требаат 400.000 доселеници годишно за да ги задоволи потребите на пазарот на трудот.

Но, во пракса досега доселувањето на странска работна сила играше мала улога. Само 16 отсто од испитаниците од студијата на Фондацијата „Бертелсман“ наведоа дека работна сила бараат во странство. Повеќето со посебно атрактивни понуди се обидуваат да привлечат домашни вработени.

Јазикот е најголема препрека

Од 1 март 2020 година во Германија е на сила закон кој би требало да го олесни доаѓањето на стручна работна сила од земјите кои не се членки на Европската унија. Сепак, и покрај тоа, многу работодавачи се срамат да побараат работници во странство. Причините се различни. Како главна причина фирмите го наведуваат стравот од потешкотии при разбирањето и проблем со проценка на квалификацијата на работниците со странско уверение за работа.

Слични се одговорите и на оние фирми кои веќе вработиле странски работници. Тоа покажува дека некои стравувања и не се баш неоправдани, да речеме што се однесува со разбирањето со странците. Од друга страна, бирократските препреки се во пракса очигледно помал проблем отколку што на прв поглед се чини.

Препреките се се’ помали

Фондацијата „Бертелсман“ претпоставува дека политичките напори околу доселувањето на стручна работна сила вродиле плод. На пример, забрзаните бирократски постапки, поттикнувањето за учење на германски јазик и подобра понуда на информации за признавање на странски квалификации. Сепак…

„Препреки за придобивање на странска стручна работна сила и понатаму постојат, и покрај значителниот напредок“, предупредува Матијас Мејер, експерт за миграции од „Бертелсман“.

Дури 67 отсто од учесниците во анкетата поаѓаат од тоа дека во иднина ќе имаат помалку стручна работна сила отколку што им е потребна.

„Недостатокот на стручна работна сила е се поголем проблем, а на повидок ннема никакво решение. Нам, како општество, ни требаат одржливи решенија за да излеземе на крај со демографските промени и со социјално-еколошката трансформација“, смета Мејер.

Потребни се транснационални партнерства

Мејер истакнува дека пресудна е доследната примена на Законот за доселување на стручна работна сила. Според неговото мислење, тука спаѓа и поедноставна постапка за признавање на странските уверенија за работа и дипломите. 

Тој вели дека од голема помош би можеле да бидат партнерствата во образованието меѓу Германија и другите земји, кои би можеле да придонесат кон подобро взаемно разбирање меѓу работодавачите и потенцијалните странски работници.

Дури 57 од испитаните фирми оценуваат дека би било корисно склопувањето на повеќе транснационални спогодби за посредување при вработување или образование на стручна работна сила.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно вработување германија економија работници развој
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.