Денеска се очекува во Собранието по скратена постапка да бидат усвоени законите за стечајците, укинувањето на радиодифузната такса и за минимална плата.
Предлагачи на овие закони се Томислав Тунтев од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ и Весел Мемеди од НДП.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Тунтев, образложувајќи ја пред пратениците потребата од донесување на трите споменати закони, рече дека тие не можеле да се донесат во редовна постапка затоа што Собранието долго време работело со забавено темпо и ја повика опозицијата да даде поддршка за нив.







