Повеќе од 70 учесници на митинг на „Демократската партија“ на Албанија побарале лекарска помош поради иритација на очите и кожата, откако непознат прав бил фрлен во воздух. Митингот беше одржан вчера во Тирана, на официјалниот почеток на предизборната кампања, јави Анадолија.
Министерството за здравство на Албаниија соопшти дека десетици лица се пријавиле во болничкиот центар „Мајка Тереза“ со симптоми на труење, како што е иритација на очи, печење на очите, иритација на кожата на изложените делови (лицето вратот) а во неколку случаи и полесни проблеми со дишењето.
Министерството наведува дека 76 лица се јавиле во болниците во Тирана со овие симптоми, од кои девет лица се задржани заради опсервација од специјалисти. Никој не е во животна опасност.
Сите овие пациенти учествувале на минтинг на „Демократската партија“, се наведува во соопштение од Министерството.
Меѓу лицата кои побарале помош е и лидерот на „Демократската партија’, се наведува во соопштението од Министерството.
Погодените лица, за албански медиуми изјавиле дека им се заматил видот откако „бел прав“ бил фрлен во воздухот објави „Тирана тајмс“
Се огласи и шефот на државата Бујар Нишани, кој порача дека со загриженост ја следи здравствената состојба на затруените и воедно на сите им посака брзо опоравување.
Албанската агенција АТА наведува дека Нишани е во близок контакт со службите за спроведување на законот со цел да го информираат за развојот на ситуацијата, а полицијата спроведува истрага за да се утврди за каков прав станува збор.
Извор:(МИА)







