Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На охридскиот аеродром пристигна првиот авион на компанијата „Еделвајс“ од Цирих
Во Фокусот

На охридскиот аеродром пристигна првиот авион на компанијата „Еделвајс“ од Цирих

април 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ попладнево пристигна првиот лет на авиокомпанијата „Еделвајс“ од Цирих.

Првите 174 патници од Швајцарија на аеродромот беа пречекани со воден топ и торта, означувајќи го почетокот на оперирањето на авиокомпнијата со аеродромот во Охрид.

„Еделвајс“ е водечка туристичка авиокомпанија во Швајцарија, а за базен аеродром за своите летови го користи токму овој во Цирих. Како сестринска компанија на „Свис интернешнал ер“ Групацијата „Луфтханза“, „Еделвајс“ лета до 70 дестинации во 32 земји ширум светот, а со воведувањето на линијата Цирих-Охрид-Цирих, патниците можат да изберат меѓу патување до градот, службено патување, патување за посета на културни знаменитости или одмор на плажа, бидејќи и двете дестинации, Охрид и Цирих имаат многу атракции и места кои патниците може да ги посетат.

Во текот на престојната сезона до 26 октомври, летовите на „Еделвајс“ кон Цирих ќе оперираат еднаш седмично во саботите. Во самиот шпиц на сезоната од од 15 јули до 20 август, компанијата ќе додаде уште две неделни фреквенции на линијата, поточно во понеделник со пристигнување во 00:25 часот, а заминување во 04:40 часот и во вторник со пристигнување во 18:05 часот, а заминување во 18:55 часот.

Директорот на ТАВ Македонија, Апер Ерсој за новата авионска линија посочи дека е во корелација со стратегијата на компанијата за воспоставување нови дестинации од двата аеродроми во земјата и подобрување и проширување на целокупниот воздухопловен пазар.

„Силно веруваме дека „Еделвајс“ како авиокомпанија која обезбедува швајцарски квалитет, кој е синоним за висок квалитет, заедно со нивната флота и мрежа на дестинации кои постојано се зголемуваат, усогласени со нашите аеродромски услуги ориентирани кон корисниците, ќе биде одлична комбинација за незаборавни патувања за нашите ценети патници, рече тој.

Авионските билети за линијата Цирих-Охрид-Цирих се продаваат преку веб-страницата на Edelweiss: www.flyedelweiss.com

Инаку, моментално аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид има пет редовни дестинации преку целата година и тоа Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано и осум сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, опслужувани од 11 авиокомпании.

Од ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома, посочуваат дека постојано се бележи раст на бројот патници во земјата. Имено, во текот на јануари и февруари 2019 година преку двата аеродрома летале вкупно 305.246 патници што е седумпроцентен пораст споредбено со минатата година, кога на двата аеродроми биле услужени 2,3 милиони патници.

авион еделвајс компанија охрид Цирих
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.