Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026

Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На помалку од пет дена до Советот на министри на ЕУ, сè уште неизвесно дали С Македонија ќе ги почне преговорите
Политика

На помалку од пет дена до Советот на министри на ЕУ, сè уште неизвесно дали С Македонија ќе ги почне преговорите

ноември 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Правиме напори и ќе дадеме сè до последен момент од нашата страна за да се најде решение, но секако има работи за коишто никаде во светот не се преговара, ниту кај нас. Нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право“.

Државите не преговараат за оваа работа. Оваа вчерашна изјава на премиерот Зоран Заев ги одредува нашите позиции во разговорите со Бугарија што се очекува да финишираат пред вторник, 17 ноември, кога треба да се одржи седницата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на која се очекува одлука дали и кога земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ. Сепак, Заев уште еднаш кажа дека е можно да не се постигне решение за условувањата на Бугарија и да не се одржи Меѓувладината конфернција со ЕУ.

„Преку оптимизам навистина испраќаме порака дека правиме сè да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што пред еден месец на празникот 11 Октомври го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македоија и ЕУ. Правиме напори до последен момент, ќе дадеме сè што може од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако знаете има работи за коишто никаде во светот не се преговара, па ни кај нас ќе се преговара. Тоа и бугарската страна го сфаќа, сфаќа дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија коишто секако би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11 Октомври еве дека постои серозна можност ние да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ“, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој оцени дека за ова прашање не треба да се прави политикантство и дека треба над сè да биде интересот на државата.

Би било неодговорно, додаде Заев, да направиме нешто што ќе го стави под прашање процесот на разговорите, односно што ќе предизвика нелагодни ситуации или
основи за непостигнување договор.

Зборувајќи за барањата за опозоцијата во однос на условувањата од Бугарија, премиерот повтори дека е неприфатливо да се прави политикантство и да се собираат политички поени и да се гледа политички интерес од нешто што е стратешки интерес на државата, како што е првата меѓувладина конференција и стартот на преговарачкиот процес.

Решението на проблемот со Бугарија е во враќањето на довербата во Договорот за добрососедство, како единствен инструмент и гаранција за надминување на сите разлики, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој исто како и Заев, рече дека се уште не може да каже каков ќе биде исходот од разговорите меѓу Скопје и Софија, но нагласи дека македонската страна ќе направи се што е можно достојно да ги претстави интересите на државата и во тие рамки да најде заедничко решение.

„Разговараме сè уште, не можам да предвидам ништо, ниту да го прејудицирам исходот. Прашањето е премногу комплексно и сензитивно, а периодот е прекраток. Нашиот пристап е дека ќе работиме до последната минута за да ги аргументираме прво нашите погледи кон ова прашање, да ги приближиме различните очекувања. Моето чувство е дека решението е во враќањето на довербата дека Договорот за
добрососедство е единствениот инструмент и гаранција за надминување на сите разлики“, истакна Османи.

Свесни сме, додаде тој, дека ова прашање е од интерес и за Бугарија, па колку е неуспех за нас, толку е неуспех и за Бугарија и за ЕУ.

Според него, целата оваа ситуација не треба да се сведе само на разговорите и
контекстот со Бугарија, туку мора да се знае и дека 26 земји–членки на ЕУ веќе имаат усогласен, заеднички став по однос на текстот на преговарачката рамка што е, напомена, голем успех и исчекор.

Во меѓувреме, и Европската комисија соопшти дека не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија.

По барање на МИА за реакција по средбата на премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, Европската комисија останува на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата.

„Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми“, рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро.

На 17 ноември треба да се одржи Советот на министри на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и на кој треба да се донесе одлука за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, но Бугарија засега не отстапува и смета дека не може да даде зелено светло додека не се изнајде компромис околу прашањата за јазикот, краткото име и историските теми.

„Продолжуваме да се надеваме дека може да се постигне договор за преговарачката рамка наскоро со цел да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо“, вели Писонеро за МИА.

Во Европската комисија не е сменет вокабуларот, велат оттаму, секогаш велеле „што е можно побрзо“, никогаш не лицитирале со датуми.

Само германското претседателство и самиот европски комесар за проширување јавно изјавуваат од старт дека се надеваат на прва меѓувладина до крајот на оваа година, односно во рамките на претседавањето на Германија со ЕУ.

„Ги поздравуваме напорите на германското претседателство за олеснување на разговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија со цел постигнување на договор во Советот за преговарачката рамка, е официјалниот став на Европската комисија, која и натаму останува во контакт со сите страни за да го помогне процесот. Во Брисел не се добива впечаток дека Северна Македонија постапува неконструктивно во овој процес“, велат дипломатските извори кои ги консултираше МИА и се гледа позитивно на физичката посета на премиерот Заев на Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Се остава сега на сите страни да продолжат со контактите и обидите за постигнување компромис, и, иако бугарската страна нема поддршка од другите земји членки за своите ставови, нејзиното право на вето е безусловно, и ниедна земја, ниту институција не може да се меша во билатерални прашања, нагласуваат дипломатите во Брисел.

 

актуелно ЕУ преговори С. Македонија Совет на министри
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026

Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.