Олимпискиот оган, односно олимпискиот факел е еден од симболите на Олимписките игри, а традицијата на носење на огнот е чест и комеморација на бог Зевс и земјата колевка на најмасовните спортски натпреварувања на светот.
Во церемонијата на игрите е сврстен во 1928 година во Амстердам, и од тогаш е дел од модерните игри, а олимпискиот факел е воведен во 1936 година на ОИ во Берлин.
Факелот денес се претставува неколку месеци пред церемонијата на отварањето на ОИ, а најзначајни спортски имиња од земјите каде што се организираат игрите го палат олимпискиот пламен – со што игрите стануваат и официјално отворени.
Многу вредни предмети од зимските и летните олимписки игри одржави во светот можат за баснословни суми да се купат преку најголемиот онлајн пазар иБеј (eBay).
На иБеј се изложени предмети и од сараевските ЗОИ од 1984 година.
Медалот од Сараево е најскапиот артикал, а вредноста достигнува до 5.500 долари. Веднаш зад него е постерот на Андрија Вархол, кој иницијално вреди 2.950 долари, додека олимпискиот факел е трет.
Зимските олимписки игри во Сараево се одиграа во 1984 година. Факелот што стаса од Атина е долг 70 сантиметри, направен е од сребренест метал, а делот кој ја одвојува рачката е со златна боја. Го направи јапонската фирма Мизурно и само неколку се останати во светот.
На иБеј можете да купите факел од двајца колекционери. Еден е од Србија, а другиот е од Босна и Херцеговина. Српскиот сопственик на сараевскиот факел за него бара 2.299 долари, досека сопственикот од БиХ има нешто поевтин факел, кој чини 2.030 долари.
Тој оригиналниот се наоѓа во Олимпискиот музеј во Лозана, каде што е изложена во 2006 година, додека повремено патува на привремени изложби кои ги организира музејот.
Да потсетиме, Санда Дубравчиќ во таа 1984 година стана првата жена која го запали олимпискиот пламен на стадионот Кошево.
Дубравчиќ тогаш беше едно од најпрепознатливите лица од спортската сцена на просторите на поранешна Југославија.









