Француските сили за безбедност уапсија повеќе од 260 учесници на вчерашните протести на Жолтите елеци ширум Франција, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
Тој за телевизијата „С-њуз“ рече дека во текот на протестите уапсени биле 264 лица, од нив 173 во Париз, како и тоа дека меѓу учесниците биле и околу 300 припадници на радикални групи кои се одговорни за нередите.
Спотед податоците на Министерството за внатрешни работи во протестите ширум Франција учествувале вкупно 28.000 граѓани, од кои 4.700 во Париз, иако организаторите тврделе дека протестирале 44.000 луѓе.
Протестите на Жолтите елеци почнаа пред две години заради зголемувањето на цената на бензините, меѓутоа, листата на барања кои ги поставија демонстрантите сега вклучува не само општествено-економски, туку и политички барања од власта.