Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари.
Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, а ќе трае три месеци.
Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно, а по нејзиното завршување, секому покрај сертификатот, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис.
Годинава Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците.
Оваа мерка е само дел од чекорите што се превземаат за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.
Во Скопје моментно има само 8 регистрирани оџачари, на 45 проценти од вкупниот број домаќинства кои се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот. Според некои проценки, во главниот град има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат.







