Пријавувањето за упис во прва година за академската 2017-2018 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе почне на 17 и 18 август – Скопје.
Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се вкупно 10.818 места.
Од нив 5.865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3.793 места се за редовни студенти со кофинансирање од 400 евра годишно и 1.160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.
Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии.
Кандидатите што ќе го пропуштат првиот рок за пријавување, може да се пријават во вториот рок на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.







