Еден од предводниците на новиот бран на рап музиката во САД и во светот Џасеј Двејн Онфрој, познат по псевдонимот ХХХ Тентасион, убиен е на Флорида.
Како што пренесуваат светските медиуми, тој е застрелан во понеделникот во местото Дурфилд Бич, додека бил во продавница за опрема за мотоцикли
Медиумите информираат дека најверојатно станува збор за грабеж, како и тоа дека во убиството на дваесетгодишниот Онфрој учествувале двајца напаѓаќи кои од местото на настанот избегале со камионет со темна боја.
Онфрој на музичката сцена дојде пред пет години, а пошироката јавност за него дозна по експанзијата на таканаречениот Саундклоуд реп, наречен по сервисот за пласирање на музика.
Дебитираше со соло албум во 2017 година, а неодамна го објави вториот проект, кој веќе во првата недела стигна до првото место на Билборд листата.







