Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал
Економија

НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал

октомври 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Влијанието на зравствената криза врз економската активност во третиот квартал е поумерено, покажуваат податоците со кои располага Народната банка, кои упатуваат и на постепено закрепнување на економијата.

-Согласно со објавените проценети податоци за БДП, во првата половина од 2020 година реалниот БДП се намали за 6,4 отсто на годишна основа, што е сепак малку послабо остварување во однос на априлските проекции, поради отстапувањето за првиот квартал. Во однос на економската активност во третиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот јули-август 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни. Имено, во услови на постепено олабавување на рестриктивните мерки против ковид-19 и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат значително забавување на годишниот пад на индустријата, градежништвото, прометот во угостителството, а делумно и кај прометот во вкупната трговија, наведуваат од Народната банка.

Во однос на промените кај потрошувачките цени, остварувањето во септември 2020 година со годишна стапка на инфлација од 1,9 отсто е повисоко во однос на априлската проекција.

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Од Народната банка наведуваат дека во текот на третиот квартал на 2020 година, главните фактори на промена на девизните резерви (приспособени за ценовните и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност) беа редовната отплата на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во почетокот на октомври 2020 година е остварен прилив на сметката на државата од околу 80 милиони евра, во вид на заем во рамките на макрофинансиската помош од Европската комисија.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со септември упатуваат на пониски остварувања кај приватните трансфери во однос на проектираните за третиот квартал.

Истовремено, податоците за надворешно трговската размена заклучно со август упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекуваниот според априлската проекција.

Според финалните податоци за август кај вкупните депозити има месечен пад од 1,1 отсто, наспроти растот во претходниот месец (0,3%), додека кај кредитите на приватниот сектор во август забележаа месечен пад од 1,4 отсто наспроти растот во претходниот месец од 0,7 отсто.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари-август е остварен дефицит од 34.914 милиони денари и дека буџетскиот дефицит во најголем дел е финансиран преку користење странски заеми, при што дел од приливите се задржани како депозити на државата кај Народната банка. Воедно, додаваат, во овој период, државата дополнително се задолжи на домашниот пазар на државни хартии од вредност и кај домашните банки.

Остварениот буџетски дефицит за првите е осум месеци од годината претставува 61,7 отсто од дефицитот предвиден со октомврискиот ребаланс на Буџетот за 2020 година, којшто е во собраниска процедура.

актуелно влијание економија закрепнување криза Народна банка трет квартал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.