Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НЕВЕРОЈАТНО: Управата на Евертон не смее да дојде на стадион
Фудбал

НЕВЕРОЈАТНО: Управата на Евертон не смее да дојде на стадион

јануари 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Познатиот англиски клуб Евертон непосредно пред натпреварот против Саутемптон донесе одлука без преседан, му забрани на бордот на директори да присуствува на овој меч.

Претседателот, Бил Кенрајт, извршната директорка, Денис Барет-Баксендејл, главниот финансиски и стратегиски директор, Грант Инглс, и директорот Грем Шарп, доживеаја да не можат да влезат во култното зграда на тимот во која работат – „Гудисон парк“.

Членовите на одборот добија такви инструкции откако клубот забележа зголемување на агресивното однесување на неодамнешните домашни натпревари, и откако челниците добија низа заканувачки пораки.

„По деталната проценка на ризикот, на членовите на управата на клубот им беше кажано дека не треба да присуствуваат на денешниот натпревар. Ова е одлука без преседан за Евертон: никогаш досега на целиот наш одбор на директори не му било наредено да не присуствува на натпревар од безбедносни причини. Ова е многу тажен ден за Евертон и за неговите навивачи“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот од Ливерпул.

Извршната директорка, Денис Барет-Баксендејл, наводно, претходно била удрена додека ја напуштала ложата на „Гудисон Парк“ од страна на еден „навивач“. Во друг инцидент, нејзиниот автомобил, наводно, бил опколен и плукан, додека претседателот, Бил Кенрајт, добил смртни закани.

Зошто навивачите на Евертон се незадоволни?

Екипата од Ливерпул предводена од Френк Лампард е во зоната за испаѓање со 15 бодови.

Последен пат во Премиер лигата Евертон победи на 22 октомври минатата година, кога го совлада Кристал Палас со 3:0. Оттогаш загуби четири првенствени натпревари и уште два одигра нерешено.

Исто така, Евертон во ноември испадна од Лига купот, а во јануари беше елиминиран од ФА Купот.

На почетокот на јануари навивачите, незадоволни од ситуацијата, напишаа отворено писмо до сопственикот на клубот, Фархад Мошири, барајќи радикални промени. Во одговорот на писмото, Мошири навел дека има „доверба во своите вработени“.

„Верувам во работата што ја работи не само нашиот тренер, туку и нашиот спортски директор и раководството. Ова верување се заснова на моето познавање на длабочината и на квалитетот на работата што се обавува.“

Зборовите на сопственикот не ги убедија навивачите на Евертон, па после мечот со Саутемптон планираат протести.

Исто така, коалицијата на навивачи на споменатиот клуб започна кампања со слоганот „да се повика Мошири да ја признае неговата загриженост за лошата позиција на клубот“.

Во текот на денешниот натпревар против „светците“, навивачите му ветија целосна поддршка на Лампард и на неговата екипа. Групата навивачи истакна дека „ова веќе не можат да го толерираат, и дека сопственикот на клубот треба да се позанимава со флагрантните недостатоци на водството, на претседателот, на управниот одбор и на извршната управа“.

Гудисон Парк Евертон Ливерпул Премиер лига Френк Лампард
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 2026

Фермин: Звучи како клише, но има уште натпревари до крајот на сезоната

април 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.