Во Европа беснее голема бура проследена со ветрови кои достигнуваат брзина и над 120 километри на час. Пилотот на авион на компанијата КЛМ кој вчера слета на аеродромот во Амстердам имаше многу проблеми со приземјувањето на леталото и избегна несреќа.
На социјалните мрежи се појави снимка од драматичното слетување на авионот.
Ветерот застрашувачки го носеше леталото на сите страни, а после долга борба со невремето пилотот успеа да го симне и тоа странично.
https://www.youtube.com/watch?v=47dK-I_jXto&feature=youtu.be
Снежната бура однесе 11 животи во северна Европа, од тоа осум во Германија и три во Холандија и Белгија.
Поради бурата сообраќајот во повеќе делови беше во прекин, а Дојче бан на извесно време ги „суспендираше“ сите главни линии.
Германската железница вчера доцна попладнето повторно почна да сообраќа, но предупреди на можноста од можно доцнење поради штетата направена на пругата.
Железничкиот и патниот сообраќај отежнат е и во Франција, Белгија и Холандија.
Откажани се 320 летови од аеродромот во Амстердам, како и бројни летови во Диселдорф и Минхен.
Бурата Фредерик, која во Франција и Белгија ја викаат Давид, се движи на исток, а ветерот достигнува и до 130 км/ч, наведуваат метеоролозите.







