Поради зимската бура која зафати одредени области на САД, во некои делови од земјата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, објави Би-Би-Си.
Како последица на снежните виулици вчера беа затворени фирми и училиштата во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови.

Се предвидува дека налетите на ветрот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе биде ставена на располагање да им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави, што би можеле да биде најобилните снежни врнежи во последните 30 години.

Интересно е што во исто време одредени делови од јужниот и источниот дел на САД ќе забележат екстремно високи температури. Во Орландо, на Флорида, метереолозите најавуваат дека же биде ислчучително топло, до 32 Целзиусови степени, а во Луизијана во Њу Орлеанс до 29 степени.
(Фото: АФП / Џорџ Фреј)







