Обилните дождови и силни ветришта беа причина за хаосот ширум Германија, од излетување на возови од шините до откажувања на летови од аеродромот во Хамбург и свлечишта на автопатот на истокот од државата.
Германската новинска агенција ДПА јавува дека воз на регионална линија излетал од шините недалеку од местото Штатрод, откако кал ја прекрил пругата.
Седум лица се здобиле со полесни повреди, а железничката линија е затворена за сообраќај.
Околу 140 патници ја минаа ноќта на аеродромот во Хамбург, поради откажување на 29 летови заради невремето.
Автопатот кај Лајпциг е затворен за сообраќај затоа што силниот дожд предизвика свлечиште кое го прекри патот.







