Делови од Грција денеска ги зафати силно невреме, а во Солун загина маж кога надојдената вода предизвикана од силниот дожд го однесе неговиот автомобил.
Според наводите од грчката противпожарна служба, безживотното тело на починатиот е пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по возилото сеуште е во тек.
Наводно, мажот се обидел да го премине патот на место каде што водата била надојдена, но силата на поројот била толкава што му немало спас.
„Го видов како лежи во безсвесна состојба, кога се повлече водата, зад дрвата“, рече заменикот на општината Павлос Мелас, Сакис Лазаридис, пренесуваат медиумите.
Инаку, силното невреме траело неколку минути, а за тоа време улиците се претвориле во реки, а многу дуќани се поплавени.
https://youtu.be/RCaQDbdi6RQ
Пожарникарите излегле на терен заради големиот број повици, и напорно работат на испумпување на водата од подрумите во зградите.
Силно невреме ја погоди и Атина, а неколку атински населби останаа без струја.